Порака за денот на болните: Здравјето е примарно општо добро

Vaticannews

Порака за денот на болните: Здравјето е примарно општо добро"

Play all audios:

Loading...

На старите лица, слабите и беспомошните не им е секогаш овозможен пристап до здравствена заштита и тој пристап не е секогаш и праведно регулиран, предупреди Папата во пораката, додавајќи


дека не станува збор само за „политички одлуки“, туку и за управување со ресурсите. Предност имаат ресурсите за грижа и поддршка на болните затоа што, на крајот на краиштата, здравјето е


првенствено општо добро – рече Светиот Отец.


Во пораката за Светскиот ден на болните Светиот Отец повикува на емпатија, однос на доверба и братство, што е исто така поврзано со неговата последна енциклика „Fratelli tutti“, за братство


на сите луѓе, во која исто така зборува и за пандемијата со коронавирусот.


Пандемијата не ни покажа само негативност, туку и подготвеност и великодушност на здравствениот персонал, волонтери, есеценцијални работници, свештеници и монаси. Тие помогнаа на многу


пациенти и на нивните семејства професионално, несебично, одговорно и со љубов кон своите ближни – посочува Папата.


Светскиот ден на болните се слави на празникот Пресвета Богородица Лурдска, 11 февруари, а Папата веќе на почетокот од пораката ја изразува неговата духовна близина со сите кои страдаат од


последиците на пандемијата, посебно со најсиромашните и најотфрлените. Ги охрабрува христијаните да се грижат за болните и оние кои се на работ од општеството затоа што во спротивно не


сведочат за својата вера, како што поучува Христос.


Папата посочува колку похумано е општеството, толку е понаклонето да ги прифаќа со братска љубов своите слаби и страдални членови. Ние се стремиме кон оваа цел и да ја постигнеме на тој


начин што никој нема да биде заборавен или да се чувствува изолирано и напуштено – охрабри Светиот Отец. Страдањето на човекот му ги открива неговите граници и го охрабрува да поставува


прашања во врска со смислата, да бара ново значење и цел за постоењето. Како што истакнува Стариот Завет – страдањето не е ниту казна, ниту оддалеченост од Бога, ниту знак на неговата


рамнодушност – предупредува Папата.


За добра терапија е важен релацискиот аспект и во Евангелијата е очигледно дека Исусовите лекувања не се некои магични гестови, туку секогаш плод на средба и меѓусебен однос –  заклучува


Папата во својата порака.


Trending News

Победата на Трамп - одврзани раце за Израел?

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побрза да му честита на Доналд Трамп, нарекувајќи го неговиот триумф „најголемото...

Папата: Божјото Слово нека ги обнови животите со надеж и љубов

Папата Фрањо на 21 јануари 2024 година го предводеше одбележувањето на Неделата на Словото Божјо во базиликата Свети Пет...

Кёхеи ноборизато, защитник, кавасаки фронтале

Не удалось загрузить данные Пожалуйста, попробуйте обновить страницу Обновить...

Папата Фрањо го најави јубилејот во 2025 година, знак на преродба по пандемијата

По повеќе од две години пандемија, сомнежи, неизвесност, страв од смртта и затворени парохии, училишта и канцеларии. На ...

Папата ја потпиша неговата трета енциклика „Сите сме браќа“ (Fratelli tutti)

Светата Литургија и потпишувањето на енцикликата во домот на свети Фрањо се одржа по желба на Папата, без присуство на в...

Latests News

Порака за денот на болните: Здравјето е примарно општо добро

На старите лица, слабите и беспомошните не им е секогаш овозможен пристап до здравствена заштита и тој пристап не е секо...

Кёхеи ноборизато, защитник, кавасаки фронтале

Не удалось загрузить данные Пожалуйста, попробуйте обновить страницу Обновить...

Папата Фрањо го најави јубилејот во 2025 година, знак на преродба по пандемијата

По повеќе од две години пандемија, сомнежи, неизвесност, страв од смртта и затворени парохии, училишта и канцеларии. На ...

Папата ја потпиша неговата трета енциклика „Сите сме браќа“ (Fratelli tutti)

Светата Литургија и потпишувањето на енцикликата во домот на свети Фрањо се одржа по желба на Папата, без присуство на в...

О’Брајан, Агелер, Рама и Мицкоски

Веќе знаете дека политиката е чудесна работа. Дека политичарите може долго време да зборуваат едно, а потоа да направат ...

Top